ВИДЕО: Прва победа по седум години за Саразан, Бормио во знакот на Французите

Французинот Сиприен Саразан е победникот на машкиот спуст што се возеше во италијанскиот Бормио, во рамките на Светскиот Куп. 

Саразан триумфираше со резултат од 1:50,73 минути, а зад себе го остави Марко Одермат од Швајцарија, кој заостана само 0,09 секунди зад победникот. Третото место му припадна на Канаѓанецот Камерон Александер, кој доцнеше од 1,23 секунди. Францускиот скијач стигна до својата втора победа во кариерата, а воедно и прва после цели седум сезони во Светскиот куп. 

Трките во Бормио минаа во знакот на француските скијачи, но се случи и еден немил инцидент кога незгоден пад доживеа Марко Шварц, кој заработи сериозна повреда на коленото и со хеликоптер беше префрлен во најблиската болница.