Поради безбедност на натпреварувачите е откажан денешниот слалом во Вал д'Изер

Машкиот слалом во Вал д'Изер во рамките на Светскиот куп е откажан поради лоши временски услови.

Во текот на ноќта врнеше дожд и снег, па поради безбедност на натпреварувачите беше откажан денешниот машки слалом.

Трката според првичните планови на организаторите требаше да започне во 9:30 часот. Прво беше одложено за 10:00 часот, а потоа беше целосно откажано. Марко Одермат славеше на саботниот велеслалом во Вал д'Изер.