Олимписка шампионка падна на допинг тест заради лек за кашлица!

Нов скандал го тресе олимпизмот. Германката Викторија Карл, олимписка шампионка во крос-контри скијање, е суспендирана 18 месеци поради позитивен допинг-тест, соопшти Германската антидопинг-агенција (НАДА).

Таа беше позитивна на забранетиот анаболичен стероид кленбутерол на 3 април 2025 година. Како што кажа 30-годишната Германка, не била свесна дека лекот за кашлица што ѝ го препишал нејзиниот лекар ја содржи супстанцијата.

Земајќи ја предвид привремената санкција од минатата пролет, освојувачката на златен медал во екипен спринт во 2022 година ќе биде суспендирана до 25 ноември годинава,