Одличен прв настап на Гиноски на Зимскиот младински фестивал во Грузија

Одличен почеток на македонскиот биатлонец Петар Гиноски на Зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија. Утрово тој учествуваше заедно со 64 останати натпреварувачи и сите ги одушеви.

Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5, во вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место. 

„Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло. Неговата посветеност и упорност се неспорни.

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот тренер Ѓоко Динески“, велат од МОК.

Следниот настап на Петар ќе биде в петок, во 10:00 часот по грузиско време.