• Горан Упале
Традиционално, во Оберсдорф започнува еден од најгледаните спортски настани меѓу зимските спортови - познатата Новогодишна турнеја од четири скокалници, која годинава се одржува по 72-oр пат.
Трофејот освоен минатата година го брани Норвежанецот Халвер Егнер Гранеруд, а најголема ѕвезда на оваа манифестација ќе биде Швајцарецот Симон Аман, кој на 43-годишна возраст ќе учествува на својата 25-та Новогодишна турнеја.
По натпреварот во Оберсдорф, караванот се сели во Гармишпартенкирхен, каде на 31 декември прво ќе се одржат квалификациите, а потоа и главната програма на првиот ден од 2024 година.
Веќе следниот ден, втори јануари, во Инсбрук ќе има квалификациски скокови, а во среда на 3 јануари скокачите ќе се борат за трофејот, а турнејата ќе заврши во Бишофсхофен на 6 јануари.
Најуспешен натпреварувач во историјата на Новогодишната турнеја е легендарниот Јане Ахонен, која пет пати успеа да биде севкупен победник, а само Свен Ханавалд, Камил Стох и Рјоју Кобајаши успеаја да победат на сите четири скокалници. Оваа сезона прв фаворит е Австриецот Штефан Крафт.