• Саше Љолес
Норвешката ски-скокачка, Сиље Опсет, е сопственик на нов светски рекорд во женска конкуренција, откако успеа да прелета неверојатни 230,5 метри на скокалницата во норвешкиот Викерсунд.
Домашната претставничка беше најуспешна на една од најголемите скокалници во светот и успеа да постави нов рекорд кај дамите, кој до денес беше во сопственост на Ема Клинец (226 метри).
Иако постави нов светски рекорд, Опсет сепак не успеа да дојде до севкупната победа, затоа што по двете серии најдобар резултат имаше нејзината сонародничка Ерлин Марија Квандал, која го комплетираше успешниот ден за домашните претставнички.