ВИДЕО: Норвежанецот Линдвик изненадувачки победи на ски-скоковите во Закопане

Мариус Линдвик од Норвешка победи на натпреварите во Светскиот Куп во скијачки скокови во полскиот Закопане, победувајќи го Германецот Карл Гајгер и Словенецот Анже Ланишек.

23-годишниот Линдвик стигна до втората победа оваа сезона и петта вкупно во кариерата, откако триумфираше и во Бишофсхофен, на последната станица од новогодишната турнеја. Тој беше само трет по првата серија, пред да триумфира со скок од 139.5 метри.

Фаворитот од Јапонија, Рјоју Кобајаши, кој е лидер во генералниот пласман беше водечки по првата серија по скок од 136 метри, но на крајот заврши само како четврти.