ВИДЕО: Норвежанецот Клебо победник на скијачка трка „Тур де ски 2025“

Викендов на снегот во Вал ди Фиеме заврши скијачката трка „Тур де ски 2025“, а исходот е целосно очекуван.

Норвежанецот Јоханес Клебо победи на машката повеќедневна скијачка трка „Тур де ски 2025“ година. Клебо го освои овој турнир по четврти пат во кариерата. Тој е петкратен олимписки шампион, деветкратен светски шампион и четирикратен победник на Светскиот Куп.

28-годишниот крос-кантри скијач се најде на врвот во генералниот пласман со време од 3.24:17,3 часа. На последната етапа во италијанскиот зимски центар Вал ди Фиеме тој заврши на осумнаесетто место.

Второто место му припадна на Австриецот Мика Вермеулен (+1 минута 23,1 секунди), третото место му припадна на Французинот Хуго Лапалу (+1,43,7).