Норвежанец израмни рекорд: Изведе чудесен скок во Вилинген (ВИДЕО)

Норвешкиот ски-скокач Јохан Андре Форфанг имаше рекорден скок во германскиот град Вилинген. 28-годишникот со својот скок од 153 метри го израмни рекордот на скокалницата кој во 2021 година го постави Клеменс Муранк. 

Сепак, и покрај рекордниот скок тој собра доволно поени за „само“ да го подели првотот место со Рјоји Кобајаши во квалификациите за главниот дел од денешните скокови во Светскиот Куп. 

Двајцата освоија по 129 бода, додека зад нив најблизу беше Штефан Крафт со 127,5.