• Зоран Мишевски

Продолжениот викенд во Светскиот Куп во скијачки скокови, во германскиот град Вилинген започна со натпреварувањето во мешани тимови. Убедлив триумф оствари Норвешка, која во состав Ана Одине Стром, Мариус Линдвик, Силје Опсет и Халвор Егнер Гранеруд, убедливо ја победија конкуренцијата.
На второто место заврши Австрија, со Кјара Кројцер, Јан Херл, Ева Пинкелних и Штефан Крафт во тимот, додека пиедесталот го пополни и домаќино Германија, предводена од Зелина Фрајтаг, Карл Гајгер, Катарина Алтхаус и Андреас Велингер.
Фаворитите Јапонија и Словенија останаа на четвртото и петтото место.
Индивидуалните скокови продолжуваат за време на денешниот и утрешниот ден.