• Иван Димовски
Јапонскиот ски-скокач Руоји Кобајаши постави нов светски рекорд за најдолг скок во историјата. Во соработка со компанијата Ред Бул на Исланд беше направена специјална скокалница на која врвот беше на 1115 метри, а крајниот дел на 360 метри надморска висина.
Според информациите на Ред Бул станува збор за скокалница направена само од снег. На неа шанса да скока доби само Кобајаши и лесно запиша рекорден скок. Најдолгиот скок во историјата на јапонскиот скокач е 291 метар, со што го надмина претходниот рекорд на Штефан Крафт (253 метри).
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje #skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Сепак, бидејќи ова беше неофицијален настан креиран од страна на компанијата Ред Бул, а не под покровителство на ФИС, веројатно овој рекорд нема да се заведе како официјален и оној на Крафт останува на сила.
За време на престојот на Исланд, Кобајаши изведе дури четири скока подолги од претходниот рекорд. Јапонецот скокаше 256, 259, 282 и 291 метар.