• Горан Упале
Повеќекратниот светски шампион и олимписки првак во ски скокови, Норвежанецот Даниел-Андре Танде, одлучи да стави крај на кариерата, иако има само 30 години.
Танде сè уште е во процес на заздравување од последиците од тешкиот пад, што се случи во словенечка Планица пред повеќе од три години. Пет месеци пред Светското првенство, Танде преку Инстаграм објави дека се пензионира:
„Морав да прифатам дека сега скокањето ми дава повеќе страв отколку радост. Отсекогаш сум велел дека во ваков момент е време да се збогувам“.
По падот Танде неколку дена беше во кома. Норвежанецот е олимписки освојувач на златен медал со норвешката репрезентација во Пјонгчанг во 2018 година. Истата година го постигна најголемиот индивидуален успех во кариерата. Во Оберстдорф стана светски шампион во ски летови.