Лазаревски и биатлонците со солидни резултати на Младинската Олимпијада во Лозана

Мирко Лазаревски, под водство на својот тренер Антонио Ристевски, со стартен број 64, постигна солиден резултат во велеслаломската трка на Младинските Зимски Олимписки игри во Лозана. 

Тој го зазеде 41-то место од 80 натпреварувачи, минувајќи низ целта со време 2:24:36 минута. Останува уште една трка за Мирко, во својата најсилна дисциплина слалом, која треба да се одржи утре, со почеток во 11:00 часот.

Дарко Крстевски и Aна Марија Зафировска беа дел од натпреварот во Биатлон (штафета 4х1,5 километри мешано) и самиот пласман на ова натпреварување меѓу најдобрите 30 штафети во светот е успех за најдобрите млади македонски биатлонци.

Не само Дарко и Ана Марија туку и други млади биатлонци, веруваме дека ќе работат уште понапорно и ќе постигнуват високи спортски резултати на големите меѓународни спортски натпреварувања.