ВИДЕО: Крафт одличен на големата скокалница во Трондхајм

Риоју Кобајаши славеше на малата, а Штефан Крафт победи на големата скокалница во Трондхајм. Крафт имаше одличен настап на норвешката скокалница, каде ски скокачите се натпреваруваа во Светскиот куп.

Во првата серија имаше скок од 137,5 метри со 144,2 поени, а во втората прескокна 134 метри за 147,6 поени, па тоа беше доволно за првото место со вкупно 291,8. Второто место го освои сонародникот на Крафт, Даниел Чофениг со вкупно 290,8 поени и скокови од 135 и 132,5 метри.

За комплетно австриски подиум се погрижи Јан Херл, кој имаше скокови од 130,5 и 138 метри и вкупно 288,8 поени. Крафт е прв во генералниот пласман со 1,88 поени, Кобајаши има 1,580, а Велингер 1,390.