Крафт прв во Закопане, тинејџер со највисок неверојатен лет во сезоната

Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт впиша нова победа во скоковите во Светскиот Куп, со успехот кој го имаше во полскиот ски центар Закопане.

Крафт победи со вкупно 332,2 бода, со скокови од 137 и 134 метри. Заврши пред Андреас Велингер кој зад своето име имаше 327,8 бода, а третото место на подиумот беше резервирано за Анже Ланишек со 327,3 бода.

За Крафт ова беше 109 подиум во кариерата. Ски-скоковите во Закопане ги одбележа и тинејџерот Штефан Ембахер, кој во првата серија скокна фантастични 142,5 метри и го имаше најдолгиот лет на денот.

Пред да летне во воздух, Ембахер се движеше со 93 километри на час. Ова беше резултат на кариерата за Ембахер и воедно ова е резултат на сезоната 2024.