Кобајаши победи во Трондхајм, но Крафт е недостижен на врвот

Јапонскиот ски-скокач Риоју Кобајаши триумфираше на скокалницата во норвешкиот Трондхајм, оставаќи ги зад севе Словенецот Петер Превц и Австриецот Хан Херл. 

Кобајаши до победата дојде со скоковите од 106 и 99 метри и заслужено се искачи на највисокото место на подиумот со 280,9 поени. Превц собра 280, додека Херл имаше еден помалку. 

Во генералниот пласман на Светскиот Куп води Австриецот Штефан Крафт (1.783 поени), кому само чудо може да му ја одземе титулата, а зад него е Кобајши со 1.562 бода, додека трет е Германецот Андреас Велингер, кој има 1.387 поени на своето салдо.