• Зоран Мишевски
Рјиоју Кобајаши продолжи со усопеси на влезот во новата година во Светскиот Куп во скијачки скокови. Јапонецот ја оствари првата сезонска победа на индивидуално натпреварување во Висла, Полска.
Јапонецот кој триумфираше на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ победи со 269.4 поени и скокови од 131 и 139.5 метри. Второпласиран заврши Австриецот Штефан Крафт, кој го израмни рекордот на Јане Ахонен со 108 подиуми во кариерата, додека трет беше Андреас Велингер од Германија.
Крафт и натаму е лидер во генералниот пласман со 989 бодови, Велингер е втор со 757, додека Кобајаши има 691 бод на третата позиција.
Светскиот Куп продолжува во Полска, а во среда се закажани скокови во Шчирк.