• Зоран Мишевски
Македонските сноуборд репрезентативци, Александар Кацарски (XMKD) и Миа Џагора (XMKD), ќе ја претставуваат Македонија на ФИС Светскиот Сноуборд Куп во Кортина, Италија.
Македонската сноуборд репрезентација во состав од Александар Кацарски, Миа Џагора, Ева Башовска веќе отпатува во Италија, каде ги започна десет дневните припреми и подготовки во светскиот познат скијачки центар - Кортина Д'Ампецо, каде што овој викенд ќе се одржи престижната трка од Светскиот Куп.
Трката ќе се вози на официјалната стаза која што ќе биде стаза на Олимписките игри Милано-Кортина 2026. Овие подготовки се клучни за нивниот успех и за нивното понатамошно надградување и напредок.
Настапот на македонските репрезентативци ќе биде важен чекор кон создавање на повисоки амбиции и уште поголеми успеси.