Јапонската легенда Касаи на 52 години дел од Светскиот Куп во Сапоро

Јапонскиот ветеран во скијачки скокови, 52-годишниот Нориаки Касаи, освои место во националниот тим за натпреварувањето во Светскиот Куп во Сапоро, Јапонија, со освојувањето на домашниот шампионат.

Натпреварите во Сапоро се закажани за 15 и 16 февруари, а тоа ќе биде прво појавување на Касаи на највисоко ниво на натпреварување по речиси една година пауза.

Според јапонските медиуми, Касаи се уште не се откажал од својот сон да се натпреварува на Олимпијадата во 2026 година. Овој спортист е сопственик на повеќе рекорди во Гинисовата книга, затоа што, едноставно, уште не сака да замине во пензија.