ВИДЕО: Херл победник во Инсбрук, Кобајаши лидер пред последната станица во Бишоскофен

Победник на третата станица од турнејата „Четири скокалници“ во ски-скокови во Инсбрук е Австриецот Јан Херл.

Изненадувањето Херл со одлични два скока во севкупниот пласман имаше подобар резултат од Јапонецот Кобајаши и Словенецот Ловро Кос. 33-годишниот Австриец денес освои вкупно 267,5 бодови, што е речиси девет повеќе од второпласираниот Кобајаши. Во првата серија тој прескокна 134 метри, додека во втората „долета“ на 127,5 метри.

Словенците повторно беа одлични и дури тројца завршија меѓу првите десет. Најдобар беше Кос на третото место, го следеше Анзе Ланишек на седмото место со 244,8 поени, додека Тими Зајц дојде до 235,7 поени и натпреварувањето во Инсбрук го заврши на десеттото место.

Лидер на турнејата „Четири ски скокалници“ сега е Рију Кобајаши, кој има 857,6 поени и тоа е само 4,8 повеќе од Андреас Велингер (852,8). Денешниот победник Јан Херл сега е трет со 834 поени. По Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен и Инсбрук, последната станица на турнејата „Четири скокалници“, е за три дена во Бишофсхофен.