ВИДЕО: Хајбек скокна за рекорд во Гармиш, но Шофениг ја грабна победата

Нов најдобар скок во историјата во Гармиш-Партенкирхен изведе Австриецот Михаел Хајбек, но неговиот подвиг не беше доволен за победа.

Хајбек уште во првиот обид направи сензација со оглед на тоа што го собори рекордот на скокалницата со далечина од 145 метри, а со тоа го урна рекордот поставен од Полјакот Давид Кубацки во 2021 година со скок од 144 метри.

Но, до победата дојде Даниел Чофениг, кој со 141,5 метри во првата рунда и 143 метри во втората рунда, со вкупни и 298,9 поени, го освои првото место, пред Грегор Дешванден кој беше втор, а на Хајбек му припадна третото место.

Во генералниот пласман, Даниел Чофениг е прв со 622,5 поени, пред Јан Херл со 614,6 поени, додека третото место му припаѓа на Штефан Крафт со 613,8 поени. Сега следува настанот во Инсбрук на 4 јануари, а турнејата завршува два дена подоцна во Бишофсхофен.