• Мартин Танасковски

Швајцарскиот скијач Рамон Ценхојзерн запиша победа на слаломот кој се возеше во француски Шамони, на кој имаа историски резултати и скијачи од Балканот.
Хрватскиот скијач Самуел Колега го освои деветтото место и оствари најдобар резултат во кариерата, додека Гркот Еј-Џеј Гинис заврши на второто место, иако на слаломот тргна со стартен број 45.
Ценхојзерн беше побрз од Еј-Џеј Гинис за 1,2 секунди, додека на третото место финишира Даниел Јуле од Швајцарија со заостанување од 1,6 секунди во однос на лидерот. За Ценхојзерн ова беше петта победа во слалом во кариерата.
Во категоријата слалом, прв е Лукас Братен кој не настапи на денешниот настан поради повреда со 430 бода. Во генералниот пласман, пак, води Марко Одермат од Швајцарија со 1.386 бода, втор е Александер Амодт Килде од Норвешка со 1.073 бода, пред Кристоферсен со 779 бода.