• Горан Упале
Словенецот Домен Превц славеше и во вториот ден од скијачки скокови во Сапоро, Јапонија.
Превц, кој победи и во саботата, ја забележа својата деветта победа оваа сезона и 18. во својата кариера во Светскиот Куп. Словенечкиот ас триумфираше со скокови од 137,5 и 136,5 метри за вкупно 277,7 поени.
Второто место го освои Јапонецот Ријој Кобајаши со 274,2 поени за скоковите од 136,5 и 138,5 метри. Третото место му припадна на Австриецот Даниел Хофениг со 265,8 поени.