• Мартин Танасковски
Австрискиот скијач Штефан Крафт продолжи да доминира на скокалниците во Светскиот Куп и дојде до четвртата победа во четвртиот настап.
Крафт летна највисоко во Лилхамер и победи со вкупно 318,2 поени, до кои дојде со скокови од 134 метри и 141,5 метри.
Второто место му припадна на Андреас Велингер од Германија со 312,3 поени, додека трет заврши Јан Херл од Австрија со 311,3 поени.
Крафт е лидер во генералниот пласман со максимални 400 поени, а втор е Велингер со 270 бода. Следниот настан во скокови е на 8 декември.