• Зоран Мишевски
Во снежни услови и со добра организација викендов се одржа Мавровскиот меморијал. Босанскиот нордиец Страхиња Ерик е победник на трката на 10 километри. Тој низ целта мина со време од 16:08.8 минути и го победи најдобар нордиец Ставре Јада кој оствари резултат 17:03,1 минути. Третото место во машка конкуренција го освои Андрија Тошиќ од Србија.
На трката на 5 километри во женска конкуренција победи Ања Илиќ од Србија со време од 21:04.7 минути. Босанката Сара Плакаловиќ и нашата Ана Цветановска завршија на второто и третото место.
61. издание на Мавровскиот меморијал ќе заврши денес со трките на 10 километри во масовен старт.