Блесок на Мирко Лазарески, Јада ќе испише историја на Светскиот Куп

Уште едно име од Македонија ќе се запише во националната скијачка историја со настап на Светски Куп. Нашиот нордиец Ставре Јада ќе ги брани боите со македонското знаме на ФИС Светскиот Куп во нордиско скијање на трката долга 10 километри.

Тој, во друштво и со поддршка на нашиот поранешен репрезентативец Дарко Дамјановски, интензивно се подготвува и фокусиран е овој настап во Лес Розес.

Младиот Мирко Лазарески, пак, на слалом трката, која се одржа во ски-центарот Банско се пласира на третото место. Потоа на трката во австриски Турнау, во силна конкуренција на интернационални натпреварувачи, успеа да оствари 55.54 ФИС-точки, кои го позиционираа на солидното единаесетто место.