• Зоран Мишевски
Бранителот на титулата светски првак во шах, Кинезот Динг Лирен и најмладиот предизвикувач во историја, 18-годишниот индиски велемајстор Домарају Гукеш одиграа нерешено во четвртата партија во дуелот за светски шаховски првак.
По ова реми, резултатот останува израмнет 2-2. Досега двајцата велемајстори забележаа по една победа, а две партии завршија нерешено. Мечот кој се игра во Сингапур е прв во 138-годишна историја на кој учествуваат двајца азиски шахисти.
В сабота на програмата е петтата партија од вкупно 14 кои се закажани. Предноста од белите фигури ќе ја има Гукеш.
Наградниот фонд за мечот за светската титула е 2,5 милиони долари.