Австријците најдобри на квалификациите во Гармиш-Партенкирхен

Одново ски-скокачите од Австрија се истакнаа на вториот настан од Четирите скокалници кој се одржува во Гармиш-Партенкирхен. 

На последниот ден од 2024 година се одржаа квалификациите во кои најдобар беше Јан Ерл. Тој имаше скок од 137,5 метри и собра 146,9 поени, па го остави зад себе Даниел Човениг за 0,8 поени. На третото место се пласира Михаел Хајбак. 

На главниот настан се пласираа уште првиот победник Штефан Крафт, Грегор Дешванден, Јохан Андре Форфанг, Анже Ланишек, Карл Гајгер, Рен Никаидо, Пијус Пашке и Максимилијан Ортнер. 

Главниот настан на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен е на 1 јануари во 14:00 часот.