Голема промена во олимписките дисциплини на една од следните Зимски Олимпијади. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави дека нордиската комбинација е отстранета од листата спортови одобрени за Зимските олимписки игри во 2030 година.
Нов скандал го тресе олимпизмот. Германката Викторија Карл, олимписка шампионка во крос-контри скијање, е суспендирана 18 месеци поради позитивен допинг-тест, соопшти Германската антидопинг-агенција (НАДА).
Норвешкиот ски-скокач Мариус Линдвик триумфираше на последното натпреварување од Светскиот куп во ски летови, кое се одржа во Планица, ставајќи печат на завршницата од сезоната.
Мариус Линдвик е победник на последното натпреварување од Светскиот куп во скијачки скокови, кое се одржа на познатата скокалница Планица. Норвежанецот на крајот успеа да триумфира главно благодарение на својот прв скок од 238,5 метри. Во вториот скок, тој слета на 231 метар и славеше со 459,5 поени.
Откако вчера постави нов светски рекорд на тренинг-сесијата, Словенката Ника Превц, денес ја потврди својата доминација во ски-скоковите, триумфирајќи на славната Планица, каде освои вкупно 405,3 бодови.
Репрезентацијата на Австрија триумфираше во екипното натпреварување во ски-скокови кое се одржа на словенечката Планица, во рамки на завршницата од Светскиот куп.
Олимпискиот шампион Домен Превц се врати на победничките патеки на домашен терен, откако триумфираше на првото натпреварување на леталницата во Планица, местото каде што се одржуваат финалињата на Светскиот куп во скијачки скокови.
Словенечката натпреварувачка Ника Превц постави нов светски рекорд во ски‑скокови за жени на големата скокалница на легендарната Планица. Таа оствари неверојатен лет долг 242,5 метри, што е најголема регистрирана дистанца во женска конкуренција.
Јоханес Клебо, норвешката скијачка ѕвезда и еден од најуспешните натпреварувачи во крос‑кантри скијањето, се здоби потрес на мозокот по сериозен пад на етапа од Светскиот куп во Драммен, Норвешка.
Словенечкиот скијачки скокач Домен Превц ја одбележа актуелната сезона на начин што ретко се гледа во историјата на овој спорт. Со серија врвни резултати и доминантни настапи на најголемите натпреварувања, Превц успеа во една натпреварувачка година да освои речиси сè што може да се освои во скијачките скокови, поставувајќи нови стандарди и оставајќи силен белег во светот на зимските спортови.
Натпреварувањето во ски-скокови во фински Лахти донесе возбудлива борба меѓу водечките имиња во Светскиот куп, а на крајот до победата стигна австрискиот натпреварувач Даниел Чофениг. Во силна конкуренција и во неизвесна завршница, тој успеа да го освои првото место пред новиот лидер во генералниот пласман Домен Превц, додека третата позиција ја освои јапонскиот ас Рјоју Кобајаши.
Домен Превц денес испиша историјата во скијачките скокови. Иако беше дисквалификуван во Лахти поради 100 грама помала тежина за скиите што ги користеше, „Летечкиот Словенец“ го освои Светскиот Куп седум скока пред крајот и со тоа освои сè во сезоната: Четири скокалници, злато на СП во скијачки летови, злато на СП во скијачки скокови, две злата на Олимписките игри и на крај Светскиот куп!
Скијачката федерација на Македонија, на седми март, на падините на Попова Шапка го организира Купот на Македонија во нордиско скијање, каде младите нордиски скијачи ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и спортски дух.
Светската шампионка Ника Превц и освојувачката на златниот медал во Милано и Кортина Ана Один Стром повторно им приредија одлична борба на љубителите на ски-скоковите, по која Ника Превц го обезбеди Големиот кристален глобус трета година по ред.
Во австриски Кулм се одржа првото овосезонско индивидуално натпреварување во ски-скокови што се бодува за Светскиот куп во ски-скокови, а доминацијата ја продолжи словенечкиот скијач Домен Превц.
Норвешкиот скијач Јоханес Клабо влезе во историјата на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со освоеното шесто злато во нордиско скијање, што претставува нов рекорд за најмногу златни медали освоени од еден спортист на едни Зимски олимписки игри.