Светскиот првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен победи на турнирот „Гренке“ во германскиот град Баден-Баден. По девет одиграни кола, Карлсен освои 7,5 поени, 1,5 поен повеќе од Американецот Фабиано Каруана кој заврши на второто место.
Светскиот првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен по седми пат победи на еден од најпрестижните турнири во светот, древниот турнир во холандскиот град Вајк ан Зе. По 13 кола Карлсен освои девет поени (пет победи и осум реми партии) и осигура уште една титула.
Денес во Скопје започна 31-от Европски поединечен шампионат (ЕП) во забрзан и во брз шах. Пријавени се 290 шахисти од 38 земји, а организацијата им е доверена на ШК Гамбит Асеко СЕЕ и ШФМ, а поддржан е од Европската шаховска унија (ЕЦУ).
Норвешкиот шах-мајстор Магнус Карлсен ја одбрани светската титула во шах, откако во тај-брејкот доби три од четирите партии против големиот ривал Фабиано Каруана.
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски е победник на шаховскиот турнир во забрзан шах „Опен Скопје“, кој заврши овој викенд.Членот на Алкалоид победи во конкуренција на 107 шахисти од сите македонски клубови.
Магнус Карлсен и Фабијано Каруана ќе играат тај-брејк за да се дознае новиот светски првак во шах. По ремито во дванаесеттиот меч, резултатот е 6-6 и потребни се дополнителни партии за да се добие победникот.
Светскиот шампион во шах ќе биде одлучен по долга и тешка битка, бидејќи ниту Магнус Карлсен, ниту Фабиано Каруана не попуштија по првите шест партии во Лондон.
Неодамна се појави видео на кое јавноста имаше можност да ги види тактичките подготовки на Фабиано Каруана во пресрет на финалето на Светското првенство во шах во Лондон. Негов противник е бранителот на титулата, Норвежанецот Магнус Карлсен, кој по првите пет партии не успеа да обезбеди предност и ремизираше во сите наврати.
Светскиот шампион Магнус Карлсен и неговиот предизвикувач Фабиано Каруана одигра реми и во петтата партија, за титулата во Светската шаховска лига, во битката која се бие во Лондон.
Македонскиот велемајстор Филип Панчевски, член на ШК Алкалоид, победи на турнирот во забрзан шах „3 ноември“, кој се одржа во чест на роденденот на Прилеп.
Младиот македонскиот ФИДЕ-мајстор Тони Лазов со 6,5 поени го освои 23. место меѓу 98 шахисти на Светското првенство во шах за млади во Порто Карас, Грција,
12-годишниот Узбекистанец Јавохир Синдаров пред неколку дена ја исполни третата норма за велемајстор и со 12 години, десет месеци и осум дена стана најмлад сопственик на највредната титула во светот на шахот.
Шахистите на Алкалоид го поделија третото место на Европскиот Клупски Куп, кој се одржуваше во Порто Карас, Грција, но останаа без екипен медал завршувајќи на шестото место според перформансот.
Македонија покрај Русија е единствена земја со два шаховски клубови меѓу десетте најдобри екипи во Европа. ШК Алкалоид заврши на шестото место, а ШК Гамбит Асеко приреди подвиг и го освои осмото место на Европскиот клупски Куп во Порто Карас.
Во дербито на петтото коло на шаховскиот Европски клупски куп во Порто Карас, Грција, шахистите на Алкалоид по четирите победи го запишаа првото реми и тоа против ривалот за највисок пласман, Падова од Италија (3-3).