• Шах

    Бугарскиот велемајстор Георгиев победник на „Карпош Опен 2016“

    Вчера заврши меѓународниот шаховски турнир „Карпош Опен 2016“, кој е организиран од страна на Општина Карпош и шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“. 

  • Шах

    Русинот Карјакин ќе го предизвика Карлсен во меч за светска титула во шах

    Најмладиот велемајстор во историјата и гинисов рекордер во таа категорија со 12 години и 7 месеци, Сергеј Карјакин е победник на турнирот на предизвикувачи за светска титула во шах во Москва.

  • Шах

    Ананд го совлада Топалов на шаховскиот „Турнир на претендентите“

    Во Москва вчера започна „Турнирот на претендентите“ во шах, од кој ќе произлезе противникот на Норвежанецот Магнус Карлсен во мечот за светската шаховска титула во верзијата на ФИДЕ.

  • Филип Панчевски на шаховски турнир Шах

    Панчевски е победник на брзопотезниот шаховски турнир на Алкалоид

    Интернационалниот мајстор и македонскиот репрезентативец, Филип Панчевски е победник на традиционалниот новогодишен турнир во брзопотезен шах, кој го организира ШК Алкалоид. Панчевски по 9 одиграни партии освои 8 поени, со исто толку победи и еден пораз од велемајсторот Влатко Богдановски. Второто место го освои српскиот шахист Бобан Воисавлевиќ. 

  • Шаховски натпревар на турнир на ШК Алкалоид Шах

    Шаховската година завршува со силен турнир на Алкалоид во забрзан шах

    Во организација на шаховскиот клуб Алкалоид од Скопје утрово во хотел „Континентал“ во, започна отворениот турнир во забрзан шах „Алкалоид 2015“, кој ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ. Скопски Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да учествуваат во квалитетен турнир, на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски натпреварувачи.

  • Шах-Турнир-Скопје Шах

    Одржан првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“

    Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје вчера се одржа првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“ во чест на поранешниот шахист Тодор Митров – Тиката. На турнирот учествуваа повеќе од 200 шахисти, од кои10 во женска конкуренција.

  • Шах-Европски-клубски-куп Шах

    Сибир, нов европски првак во шах, Алкалоид шести

    Шахистите на ШК Сибир ја освоија титула на Европскиот клупски куп кој во саботата заврши во Скопје. Сибир до европската титула стигна без пораз, откако во седумте кола забележа шест победи и едно реми. Македонскиот шампион Алкалоид, во последното коло славеше над израелскиот Бер Шива со 4,5-1,5 и во конечниот пласман го освои шестото место. 

Pages