Вчера во големата сала на Општина Кисела Вода, ученици од општинските основни училишта ги покажаа своите шаховски способности. На турнирот, на кој беа откриени нови таленти се натпреваруваа вкупно 46 деца, од кои 24 беа од петто, шесто и седмо одделение, а 22 играа во конкуренција на ученици од осмо и деветто одделение.