ПСУ „Јахја Кемал“ - јуниор и шаховскиот клуб Гамбит Ассеко-СЕЕ од Скопје ремизираа во пријателски шаховски дуел. Иако навидум не личи така, шахот како и сите други спортови носи голема возбуда, неизвесност за време на партијата, радост по победа и тага по пораз. Меѓутоа за разлика од другите спортови шахот има големо влијание во развојниот и образовниот процес кај децата. Преку шахот децата учат поразот да го претворат во лекција, а да бидат достоинствени во победата.