Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на возобновениот турнир „Скопје Опен“, кој заврши доцна синоќа, со учество на околу 80 шахисти. Според стартниот рејтинг тој беше трет носител на турнирот, а на крајот е прв на табелата со 7,5 бода од девет партии, од кои шест победи, три реми, без ниту еден пораз.