Во словенечкиот град Брежице се одржува Европското поединечно шаховско првенство, на кое меѓу 317 учесници од четириесет земји се шестмина претставници на Македонија. Нашата земја ја претставуваат велемајсторот Кирил Георгиев, фиде-мајсторот Емил Ристески, Филип Михов, Роберт Велески, Антон Златков и Хедон Мифтари. Засега, по четири одиграни кола, велемајсторот Георгиев е на 105. место со 2,5 поени, по победите над Израелецот Ори Кочави и Валентин Митев, ремито со Словенецот Марко Тратар, поразот од Украинецот Јуриј Козубов.