Во организација на шаховскиот клуб Алкалоид од Скопје утрово во хотел „Континентал“ во, започна отворениот турнир во забрзан шах „Алкалоид 2015“, кој ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ. Скопски Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да учествуваат во квалитетен турнир, на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски натпреварувачи.