Хрватот Иван Шариќ е нов европски шампион во шах, откако како големо изненадување собра 8,5 поени од 11 партии на првенството на стариот континент во грузискиот град Батуми. Во конкуренција на 302 шахисти од 35 земји, меѓу кои 134 велемајстори, сплиќанецот оствари учинок од осум победи, две реми партии и само еден пораз.