Звонко Станојоски втор на шаховскиот турнир „МАТ 2024“

Одличен пласман за македонскиот велемајстор Звонко Станојоски, на второто издаnie од Меѓународниот брзопотезен шаховски турнир „МАТ 2024“ во Прилеп, во СОУ “Орде Чопела”.

Тој заврши на второт место, веднаш зад победникот ИМ Милош Станковиќ од Србија. Станковиќ на деветте партии освои 8,5 поени, а Станојоски 7,5 колку што има и третиот ВМ Петар Дренчев од Бугарија. До наградите стигнаа првопласираните десетмина, меѓу кои уште се: Антон Златков (Македонија), ИМ Борољуб Златановиќ (Србија), ФМ Андреј Велјаноски, ИМ Тони Лазов, ФМ Роберт Велески, ИМ Никола Николовски и Горан Готовуша (Македонија) со по 7 поени.

Најдобар играч од Прилеп е 19-пласираниот Шкриељ Зеца, најдобар со рејтинг до 2.000 поени е шеснаесеттиот Стојан Велкоски, најдобар на возраст над 65 години е тринаесеттиот Методи Стојнев (Бугарија), најдобар на возраст до 18 години е четиринаесеттиот Андреј Неделковски, а најдобра шахистка е 25. во финалниот пласман Моника Жежовска.