Звонко Станојоски победник на шаховскиот турнир „МАТ 2026“

Прилеп минатиот викенд беше домаќин на уште едно издание на „МАТ 2026“, натпреварување организирано според правилата на ФИДЕ за забрзан шах (време за игра 15 минути по играч, плус 5 секунди за потег).

Победник е македонскиот велемајстор Звонко Станојоски од ШК Алкалоид кој освои 7,5 бода во 9 кола, додека зад него имаше група шахисти со по 7 бода, меѓу кои и ИМ Никола Николовски и ИМ Дејан Стојановски.

Организаторите објавија дека имало рекорден број учесници – дури 138, кои доаѓаа од 8 држави: Македонија, Мексико, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Самостојно на врвот заврши велемајсторот 

Веќе овој викенд закажан е нов турнир во Прилеп -, „Пелагон 2026“.