Звонко Станојоски единствен максимален по три кола на Отвореното првенство во шах

Велемајсторот Звонко Станојоски води по третото коло на Отвореното првенство на Македонија во шах во Охрид. Прилепчанецот во конкуренција на 31 шахист ја оправдува улогата на прворангиран пахист на првенството и граби кон уште една титула. 

Тони Лазов, Никола Николовски, Роберт Велески и Александар Кралевски се на делба на второто место со 2,5 поени. Титулата од минатата сезона ја брани Филип Панчевски, а водечкиот годинава Станојоски беше второпласиран.

Шахистите на првакот на Македонија, Алкалоид и годинава се доминантни на првенството. Пријавени се еден велемајстор, еден интернационален мајстор и четири ФИДЕ мајстори.