• Иван Димовски
Денес во Струмица завршија поединечните младински првенства во шах за момчиња и девојчиња во категориите од 8 до 18 години. Младите шаховски надежи на Македонија имаа можност и да се забавуваат и да другаруваат, во моментите кога не беа лути ривали на шаховските табли.
По неколку дена неизвесност познати се победниците по категории кои ќе ја претставуваат Македонија на наредните европски и светски поединечни првенства.
- Постигнати резултати во младинските категории:
Во категорија момчиња до 8 години:
- Јован Јовановски од ШК Куманово, Куманово
- Benjamin Burns од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Сергеј Станковиќ од ШК Куманово, Куманово
Во категорија девојчиња до 8 години:
- Теа Ташкова од ШК Цареви Кули, Струмица
- Сања Николовска од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
Во категорија момчиња до 10 години:
- Давид Атанасовски од ШК Алкалоид, Скопје
- Ахмет Селим Абдурахман од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Васил Иванов од ШК Алкалоид, Скопје
Во категорија девојчиња до 10 години:
- Ина Крумова од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Софија Беловска од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Катја Поп - Николова од ШК Цареви Кули, Струмица
Во категорија момчиња до 12 години:
- Марко Стојановиќ од ШК Алкалоид, Скопје
- Лука Симоноски од ШК Алкалоид, Скопје
- Дамјан Николовски од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
Во категорија девојчиња до 12 години:
- Илјана Велева од ШК Алкалоид, Скопје
- Kayla Burns од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Софија Филипче од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
Во категорија момчиња до 14 години:
- Даниел Стефаноски од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Никола Петровски од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Андреј Божиновски од ШК Алкалоид, Скопје
Во категорија девојчиња до 14 години:
- Elisaveta Burns од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Исидора Лукановска од ШК Алкалоид, Скопје
- Наде Смилевска од ШК Стево Патако, Битола
Во категорија момчиња до 16 години:
- Никола Радоњанин од ШК Алкалоид, Скопје
- Michael Burns од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Никола Смилевски од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
Во категорија девојчиња до 16 години:
- Делфина Огњановска од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Теодора Ѓеорѓиеска од ШК Прилеп, Прилеп
- Лана Трајкова од ШК 13 Ноември, Битола
Во категорија момчиња до 18 години:
- Антон Златков од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
- Никола Павлески од ШК Алкалоид, Скопје
- Кристијан Лазовски од ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје
Првенствтото во категорија девојчиња до 18 години не се одржа затоа што имаше пријавено само една учесничка. Па така титулата ` припадна на Моника Жежовска од ШК Алкаклоид, без игра.
По бројот на освоени титули, за првпат по неколку години, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ и ШК Алкалоид се изедначени и имаат освоено по пет први места. Во вкупниот број на освоени медалји во младинските конкуренции и овој пат е Гамбит Ассеко СЕЕ со пет златни, шест сребрени и летири бронзени медали.