Започнува шаховската Олимпијада, Македонија со големи очекувања пристигна во Индија

Светот на шахот го насочи вниманието кон најголемиот настан во древната игра - Олимпијадата во Индина. На најголемата светска шаховска смотра, која за првпат се одржува во една од најголемите земји во светот, ќе учествуваат 189 машки и 161 женски тим, што е рекордна бројка.

Женската репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски, е во состав: Моника Стојковска (2.086 рејтинг поени) Ивана Манова (1.853), Драгана Николовска (1.904), Леа Ефтовска (1.610) и Моника Жежовска (1.611).

Селекторот на машката репрезентација Трајко Недев се одлучи за Звонко Станојоски ВМ (2407), Емил Ристески ФМ (2.391), Тони Лазов ИМ (2.377), Никола Николовски ИМ (2.372) и Андреј Вељаноски – (2200).

Нашите шахисти минаа добри подготовки на Попова Шапка и веќе пристигна во Индија. Оваа Олимпијада првично требаше да се одржи во Русија, но заради воениот конфилт, преместена е во Индија.