Започнаа екипните младински шампионати на Македонија во шах

Денес почнаа младинските екипни првенства во шах. На првенството се пријавени рекордни 240 деца од тринаесет шаховски клуба од Македонија. Првенствата се организираат во категории до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години. Се игра на четири табли со три резерви, а победниците по категории ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Радува фактот што има неколку клубови кои првпат учествуваат на овие екипни првенства, и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и догодина ќе има уште поголема конкуренција.

Шампионатите се одржуваат во Јахиа Кемал Колец, постојан партнер и вљубеник во македонскиот шах и редовна поддршка за развој на младинскиот шах.