• Зоран Мишевски

Вчера попладне во скопскиот хотел „Александар Палас“ започна осмиот меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2018“, во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Асеко СЕЕ.
На турнирот учествуваат 167 шахисти од 18 држави, од нив 15 се велемајстори, еден женски велемајстор, 22 интернационални мајстори, еден женски интернационален мајстор, ЖИМ, 23 фиде мајстори, две жени фиде мајстори и вкупно 68 шахисти со шаховски титули.
Најмногу шахисти пријави Македонија (81), па следат Србија (22), Турција (15), а потоа следат Бугарија (14). Филип Панчевски (2.485) има најмногу опции од македонските шахисти, бидејќи е шести по рејтинг.
Победникот ќе биде познат по девет кола, а наградниот фонд е 10.200 евра, поделен на 14 дела. Победникот ќе биде побогат за 2.000 евра.