Закажани два шаховски турнири како дел од Пелагониските шаховски денови

По повод ослободувањето на Прилеп и Битола со два одвоени турнири - младински турнир во забрзан шах „ОПЕН Битола 2019“ и Отворен турнир „ОПЕН Прилеп 2019“, кои ќе се рејтингуваат на рапид листата на ФИДЕ ќе бидат одбележани свечените денови во Пелагонија.

Младинскиот турнир се игра на 2 ноември во салата на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола, додека Отворениот турнир почнува на 3 ноември во салата на Државниот студентски дом „Н.Х.Орде Чопела“, до Економскиот факултет во Прилеп. 

Се очекува масовност на двата турнири и заживување на древната игра во двата града кои дале многу талентирани шахисти на овие простори.