Заинтересираноста голема, преку 120 шахисти ќе ги покажат вештините на „Славјански Опен“

Викендов, Битола ќе биде епицентарот на шахистите од Македонија и регионот. Меѓународниот Славјански Универзитет ја продолжува традицијата и повторно ќе ги собере најдобрите надежни шахисти од нашата држава и регионот, но оваа година за првпат на турнирот ќе се натпреваруваат и сениори. 

Организаторот оваа година одлучи да воведе и натпреварување во сениорска конкуренција „Славјански Опен“ и обезбеди награден фонд вреден од 120.000 денари. Заинтересираноста за овој турнир е голема, на истиот ќе учествуаат преку 120 натпреварувачи од пет различни држави, а меѓу натпреварувачите има македонските репрезентативци кои претходното настапија на Европското првенство во Словенија. 

„Славјански Опен“ ќе се одигра по Швајцарски систем од девет кола, според поравилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах и истиот ќе се рејтингува во ФИДЕ. Темпо на игра е 25 минути по играч со бонификација од пет секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. 

„Славјански У16“ пак се игра исто така по Швајцарски систем од седум кола, според правилата на ФИДЕ за стандарден шах. Темпо на игра е 35 минути по играч со бонификација од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Турнирот ќе го суди интернационалниот судија Тони Кироски со негов судиски тим.

Организаторот обезбедува пехар за победниците на турнирите, како и медали и дипломи за возрасните категории. Вкупниот награден фонд изнесува 120.000 денари.

„Славјански Опен“ – 90.000 денари:
1 место – 20.000 денари
2 место – 15.000 денари
3 место – 10.000 денари
4 место – 8.000 денари
5 место – 7.000 денари
6 место – 6.000 денари
7 место – 5.000 денари
8 место – 4.000 денари
9 место – 3.000 денари
10 место – 2.000 денари
Најдобар играч oд Битола – 2.000 денари
Најдобар нерејтингуван играч – 2.000 денари
Најдобар играч над 65 години – 2.000 денари
Најдобар играч до 18 години – 2.000 денари
Најдобра шахистка – 2.000 денари

„Славјански У16“ – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800 – 30.500 денари:

1 место – 6.000 денари
2 место – 5.000 денари
3 место – 4.000 денари
4 место – 3.000 денари
5 место – 2.000 денари
6 место – 1.500 денари
Најдобар играч од Битола – 1.500 денари
Најдобар играч до 14 години – 1.500 денари
Најдобар играч до 12 години – 1.500 денари
Најдобар играч до 10 години – 1.500 денари
Најдобар играч до 8 години – 1.500 денари
Најдобра шахистка – 1.500 денари

Свечено затворање на турнирот и доделување на награди ќе се одржи 30 минути по завршување на последното коло.