За Карлсен не постои граница, нов светски рекорд за норвешкиот велемајстор

Магнус Карлсен

Норвежанецот Магнус Карлсен важи за еден од најдобрите шахисти во историјата. Од неодамна, 28-годишникот од Тонсберг постави светски рекорд по бројот на одиграни партии во низа без пораз.

Неговата серија стои на бројката од 101 партија, а до неа стигна со реми против Левон Арониан од Ерменија. Норвешкиот велемајстор играше со црни фигури и остана непоразен, со што надмина рекордот на Кинезот Дин Лирен.

„Чувствував дека 100 е магичен број. Никогаш не помислив дека ќе постигнам такво нешто, но морам да признаам дека имав среќа. Не играв толку добро во последно време и затоа овој рекорд ми додаде дополнителна тежина“, рече четирикраниот светски шампион.

Последниот пораз за Карлсен во класичен шах датира од 31 јули минатата година, а од тогаш оствари 33 победи и 68 реми средби.