Во Прилеп формиран нов шаховски клуб, тројца Срби засилувања на Пелагон

Во еден од најшаховските градови во Македонија, Прилеп, формиран е нов шаховски клуб, кој со високи амбиции ќе ја започне новата сезона.

Покрај шаховскиот клуб Прилеп, во градот под Марковите кули се „роди“ и тимот на Пелагон, кој веќе интензивно работи на својот ростер. Договорени се и првите интернацинални имиња, кои доаѓаат од Србија – ИМ Драшко Бошковиќ, ИМ Младен Миленковиќ и ИМ Горан Арсовиќ. Сите имаат висок рејтинг, од 2.359 до 2.436 поени. Покрај нив се и домашните шахисти кои се веќе докажани на големи натпреварувања: Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша, Марјан Дамчески, Звонко Хаџи-Попоски, Мартин Николовски, Александар Котески и Михаил Маркушески.  

Екипата Пелагон е учесник на Екипното првенство на Македонија – Втора лига А-група, а нејзина амбиција е експресен влез во елитата, каде што се натпреварува тимот на Прилеп.