Вирусот ја погоди и Русија: Прекинат ФИДЕ турнирот на кандидати во шах

Русија беше меѓу земјите со најмал број на случаи заразени од опасниот вирус, но минатата седмица работите се променија. Слично како и во повеќето европски земји, така и во руската држава е одлучено ограничено движење и откажани се спортските настани. 

Прекинато е и најважното шаховско натпреварување оваа година, ФИДЕ турнирот на кандидати, каде што осум натпреварувачи ќе се борат за можност да го предизвикаат Магнус Карслен. 

Турнирот кој требаше да продолжи во Екатеринбург е стигнат до својата половина, каде се одиграни седум кола од предвидените четиринаесет. Нов датум и место за продолжението во моментов не е одреден, но се очекува во наредниот период. 

Инаку, првото место на половината од ФИДЕ натпреварувањето го држат Максим Вашије Лаграв и Јан Непомјаши со по 4,5 бодови.