Велемајсторот Евгениј Романов на Меморијален шаховски турнир во Куба

Шаховскиот велемајстор Евгениј Романов, кој веќе една година се натпреварува под македонско знаме, учествува на 58. Меморијален турнир „Капабланка“, каде пристигна на покана од Шаховската Федерација на Куба

Турнирот се игра по Бергеров двокружен систем, а покрај Романов на турнирот настапуваат уште четири велемајстори.

Негова цел на овој турнир е да ги освои потребните два рејтинг поени со што повторно би ја поминал границата од 2.600 рејтинг поени.